„ Ние сме Европа“ вели новинарот Горан Михајловски во денешната колумна „Сакам Да Кажам“ и дека е време е за нова, наместо оваа која ја промовира власта.

Со кампања од 80.000 евра ќе се убедуваат граѓаните за уставни измени


„Не за ново вето“.

Наместо нас, власта нека ја убедува ЕУ дека, ако се искрени кога зборуваат дека решиле да се шират и на Западен Балкан, на Македонците треба да им дадат гаранции дека ќе нема ново вето. Какви-такви гаранции. Во било која форма. И власта веќе да не им го прифаќа изговорот дека никој не може ништо да гарантира. Сме виделе дека кога сака, ЕУ може да даде гаранции. Креативни се. Ќе смислат нешто инвентивно. Политика е ова, не е математика.

Таму нека им се качуваат на глава. А, не власта да води крстоносна војна дома против сите што бараме такви гаранции. Скарај се со сите што стравуваат дека Бугарија и по промената на Уставот ќе продолжи со инсистирањето да не ја признава посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик. А со бугаризацијата на ЕУ вредностите, ЕУ ќе продолжи да учествува во креирањето на нови и нови внатрешно-политички кризи.

Се раскаравме бре, пак се подели македонското општество. И допрва ќе се караме.

Што ќе се случи ако има ново бугарско вето? Пак стапот ние ќе го јадеме. Знаеме дека притисокот ќе доаѓа кон нас.

Правилото „тие се внатре, а вие сте надвор“ ќе важи додека не влеземе во ЕУ. Ако воопшто некогаш влеземе.

Според она како се однесува официјалната државна политика во Софија, тие ќе измислат нови вета на милион теми“, вели, меѓу другото, Михајловски.