(…)

„Во Братислава и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претстави некаков нов приод за проширувањето, кажуваше за некои четири столбови. Убаво звучеше тоа што го кажува. Иако, искрено, не знам дали вреди сериозно да се сфаќа“, пишува новинарот Горан Михајловски во редовната колумна „Сакам да кажам“.


Оти се покажа дека Европската комисија ветува, а земјите-членки не испорачуваат. Зборот на Фон дер Лајен не вреди и не важи во Софија.

Ако не важи во Софија, не важи ни во останатите 26 членки.

Толку барем научивме и ние, како функционира таа Европска унија. И тоа на многу болен начин. Сите за еден, дури и кога тој едниот е за никаде“, вели Михајловски.

Сè ми се чини дека и овој „моментум“ и соочување со реалноста ќе биде како нашава лидерска средба (Ковачевски-Мицкоски н.з.) за која има покана, ама џабе е.

Ем одеднаш на ЕУ ѝ станавме интересни.

Ем ни викаат дека сме им потребни.

Ем пак не ни кажуваат кога ќе нè примат.

Ниту пак дали воопшто некогаш ќе нè примат“, пишува Михајловски.