Актерот Тони Михајловски се согласува со еврокомесарот Јоханес Хан дека договорот од Преспа заслужува место во учебниците по историја. „Но, како велепредавство, лага и измама, и краен акт на сеопшто поништување на еден народ и отворање пат за повторна поделба на Македонија. Како прирачник за самоуништување“, пишува Михајловски на Фејсбук.
Тој се согласува со Хан и дека беше поинаку пред 5 години:
„Имавме држава. Сега имаме едно големо ништо. Комесарот успеа од нешто да направи ништо. Тоа пак треба да влезе во книгите за Илузионисти. Тој е Дејвид Коперфилд во политиката. Направи да исчезне цела една земја и еден народ во неа.
Не се слагам, и мислам дека не е во ред да не лаже Комесарот, дека н’е чека влез во ЕУ. Не може ништо да влезе било каде или да направи било што.