„Цела Влада го моли Слупчане да плаќа струја. Екипи на ЕВН влегоа во селото да поправат дефект предизвикан заради крадење струја, со гаранции на министерот за еконономија Крешник Бектеши и на градоначалникот на Липково Еркан Арифи.

Зошто се потребни министер и градоначалник од ДУИ како гаранција за екипите на ЕВН дека нема да бидат натепани? Зарем досега политичариве од ДУИ им биле гаранција на жителите – не се секирајте, не плаќајте струја, ние ви гарантираме дека никој ништо не ви може“ пишува новин арот Горан Михајловски во редовната колумна „Сакам да кажам

Чекај сега. Ова е само прва фаза на мировните преговори меѓу ЕВН и Слупчане – само за да се острани дефектот. Во втората фаза, кога ЕВН ќе треба да им ги смени струјомерите, може и миротворци на ОН ќе треба да се викаат.

А пак, кога ќе треба жителите да се натераат да плаќаат струја, веројатно и мировна конференција ќе се организира, со медијатори во Осло, да не биде ни Скопје, ни Виена. Оти ги дискриминираат и ги тераат да плаќаат струја само затоа што се Албанци.

Кога го веат албанското знаме во Македонија, знаат ли дека и во Албанија мора да се плаќа струја?

Во која НАТО земја неплаќањето струја станува прашање на човекови права?

Во која НАТО земја неплаќањето струја се третира како етнички проблем?  

Во која НАТО земја министер ѝ гарантира на австриска фирма дека може да влезе да поправа дефект, што го предизвикале истите тие што му дале гаранција на миниистерот дека нема да ги натепаат екипите што доаѓаат да им го поправат дефектот? – прашува Михајловски