Нема никаква опасност од споменување на Бугарите во Преамбулата, го коментира новинарот Горан Михајловски „прашањето“ на Маргарита Цаца-Николовска „Што е опасноста Бугарите, Хрватите и Црногорците да влезат во Уставот?“
Проблемот е што внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го тргне бугарското вето за влез во ЕУ. Затоа што не станува збор за „некои политичари од Бугарија“. Туку станува збор за официјална државна политика од времето на Тодор Живков до денеска, пишува во редовната колумна „Сакам да Кажам“ новинарот Горан Михајловски.
Проблем е целисходноста на менувањето на Уставот. Затоа што првиот ден откако пратениците ќе ги изгласаат амандманите, Бугарија ќе смисли ново барање и ветото ќе остане.
Но, уште поголем проблем е што Европската унија тоа не го сфаќа.
Или, баш ѝ е гајле…
(…)
Затоа што не ѝ ги ограничува можностите на Бугарија да продолжи да нè тормози со историски фрустрации, а Европската унија да учествува во тоа – е па што да правиме, такви ни се правилата, тие се наши, вие не сте. И ЕУ, по паметот на Бугарија, наместо да ни биде фактор на стабилност, ни направи дополнителна внатрешна политичка нестабилност.
Така што, не е никаков проблем, еве и сите 3.000 Бугари од пописот со име и презиме да ги наредиме во Преамбулата, ако тоа е услов за влез во ЕУ.
Ама, се плашам дека нашата европска иднина ќе ја живееме од едно до друго бугарско вето“, вели Михајловски.
