Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот денеска ќе престојува во посета на земјава.
Тој ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.
