Илјадници мигранти и бегалци во Грција живеат во „нехумани и деградирачки“ услови во камповите, се вели во извештајот на Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа.
Според Дојче Веле, во извештајот се истакнува “недостаток на лекари, лекови, храна и вода за пиење во неколку кампови долж копнената граница наГрција со Турција, во Атина и на егејските острови“, што резултира со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи шуга од валкани ќебиња.
Посебно загрижувачка е ситуацијата во кампот финансиран од Европската унија „Филакио“ каде 95 мигранти живеат во една просторија, пренесува „Катимерини“.