Мифтари: „Српско – македонскиот кислород ги убива Албанците заболени од ковид!“

„Српско – македонскиот кислород и лекарите ги убиваат Албанците заболени од ковид – 19, кои се наоѓаат во болниците во Македонија. Смртните случаи кај Бугаро – Македонците не надминуваат ниту 20 проценти од сите смртни случаи!“ – овие тврдења ги изнесе Наим Мифтари, поранешен офицер во УЧК и поранешен агент на ШИК – Националната разузнавачка служба на Албанија, на својот фејсбук профил и нив ги пренесоа голем број медиуми на албански јазик во Македонија и на Балканот.

Во информацијата објавена под наслов „„Наим Мифтари алармира: Македонија ги убива Албанците – ова е методата штпо ја користи“, весникот „Лајм“ пишува: „Поранешниот висок старешина во УЧК и поранешен агент на ШИК – Националната разузнавачка служба на Албанија алармираше преку една објава на фејсбук. Тој вели дека државата Македонија ги убива Албанците. Според него, македонските лекари ги убиваат Албанците со кислород, кои се наоѓаат по болниците.“

Потоа, „Лајм“ ја пренесува целосната објава на Наим Мифтари од фејсбук:, која носи наслов „Српско – македонскиот кислород ги убива Албанците!“:

„Македонија ги убива Албанците, не со оружје, со полиција и војска како порано, туку со кислород и лекари. Умираат повеќе од 70 проценти од Албанците, кои се наоѓаат во болниците од корона вирусот – 19 во Македонија. Смртните случаи кај Бугаро – Македонците не надминуваат ниту 20 проценти од сите смртни случаи!“