Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека го чествуваме Гоце Делчев како заробеници во сопствена држава, дека се случува „примитивна естрадна политика“.

„Чуден ден е денеска. Две чувства имам кај мене.

Првото е почитта кон македонецот Гоце Делчев за тоа што го направил за македонскиот народ. Ние сме горди што имаме еден таков човек да го славиме и е дел од нашата историја и нашиот историски ген. Тоа е чувство на задоволството и среќа кај секој Македонец.

И второто е чувството на разочараност, кое го имам чекорејќи од првата кон втората барикада до оваа црква.

Наместо да се зближуваме и да се зголемува пријателството ние сме подалечни од било кога.

Денес имате безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваат како во воените времиња“, вели Мицкоски клако што пренесува Макфакс

Т