Мицотакис најави финасиска помош за сите поради скапата енергија

Премиерот Киријакос Мицотакис најави три нови мерки за финансиска поддршка за да им помогне на домаќинствата, бизнисите и земјоделците да се справат со зголемените цени на енергијата.

„Новите мерки за заштита се однесуваат на домаќинствата, претпријатијата и земјоделците и ги покриваат сметките за струја, трошоците за греење од струја, гас и нафта“ објави премиерот.

Мицотакис најави зголемување на државните субвенции за сметките за струја за декември, дополнително намалување за 40% на сметките за природен гас за овој месец и субвенции за тарифите на потрошената енергија од страна на земјоделците од август до декември.

Мерките стапуваат на сила од денеска и во следната сметка за потрошувачка на енергија ќе се пресметува намалувањето на сегашната цена.

Грција веќе додели поддршка во вредност од 620 милиони евра која траеше до почетокот на декември. Со оглед на тоа што засега не ње наповидок пад на цените на енергијата, владата ќе ја продолжи помошта до декември и до почетокот на 2022 година, доколку е потребно, рече премиерот.