„На провокативното крешендо на Турција“ Грција одговара со зајакнувањето на армијата, со градењето меѓународни сојузништва, со посветеноста на меѓународното право, но и единството на народот изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во врска со турските односи по последните закани од страна на турскиот претседател.
Тој упати остра порака до претседателот на Турција, употребувајќи ја грчката верзија од турскиот збор „кабадаија“. пренесе дописничката на МИА од Атина.
Ердоган се закани на ГРција: една вечер ненадејно ќе дојдам
„На заканите што доаѓаат од другата страна од Егејското море, одговор дава еден грчки збор што ја собира целата сила на нашата нација: Не, господине Ердоган. И да го кажам на јазикот што подобро го разбира: „Силеџиство јок со Грција“, порача Мицотакис.
Ноговата изјавата предизвика аплаузи и овации од присутните во салата.
