Мицковски: Во држава со епски криминал се фалат со сообраќајни казни. А со што друго да се пофалат?

Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски реагира за изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека во последните три месеца биле изречени 43.000 казни за сообраќајни прекршоци.

„Во држава на епски криминал и корупција функционери се фалат со сообраќајни казни. А со што друго да се пофалат…“, коментира на Фејсбук некогашниот функционер во СДСМ.