„Украинскиот претседател на Врховниот суд кој беше фатен со 3 милиона € мито во тросед, всушност зимал плата од 16.500 €.
Испаѓа дека високите плати не биле никаква гаранција против корумпирани функционери и професионалци или дека политичарите со високи примања чесно ќе се воздржеле од мито и корупција.
Јебига, емпиријата е непобедлива“, пишува новинарот Ивор Мицковски и вели:
„Мене ми е трагично што кај нас, како наводно земја во преговори, нема еден, ама еден случај за флагрантно фатен или брзо процесуиран и осуден висок функционер за криминал и корупција.
Земја ко Украина, насред војна се соочува со корупција, ние во мирнодопски услови не можеме.
Или нашиве ептен буквалистички се откажаа од борбата против корупцијата“.
