Новинарот Ивор Мицковски реагира на вчерашниот (три дена пред) „осмомартовски марш“ на жените на СДСМ во Прилеп кој според него беше „исплакнат, формален, слогански, испразнет од значење марш за правата на жените, еднаквост и рамноправност“.
„Каква тажна партиска парада изведовте во која жената ја изедначивте со партиски огранок. За да зборите за рамноправност прво морате и политички да ја демонстрирате, а вие со 4 министерки од 16 министерства и државава со 2 градоначалнички од 81 општина, немате ни за тоа право да зборите“, пишува Мицковски на Фејсбук.
„Празни говори, флоскули и скапо шетање за илјадници паразити.
Ене ви ги 70-те работнички од Кавадарци кои поради невладеење на правото ќе треба да платат 20 илјади евра затоа што тужеле што не добиле плати.
Ене ви ја родилката од Струга која ја оставија без органи, а докторот доби условна.
Ене ви еден куп манијаци и насилници по школи и насекаде кои малтретираат жени, а ниедна институција не постапува.
Пред 2 недели имаше протест против насилство врз жените, со прст не мрдате“, пишуа Мицковски.
