Мицковски: На народот разочаран уште му импутирате…

Новинарот Ивор Мицковски реагира на обвинувањата на премиерот Димитар Ковачевски дека оние кои се против промена на уставот се платеници и руски ботови.

„На народот разочаран од недостаток на правда, правна држава, достоинствен живот, и перспектива, уште му импутирате дека е предавник, албанофоб, руски бот или платеник.

Има такви да, ама огромното мнозинство не заслужува слични етикети од криминална и коруптивна коалиција, која ништо не испорача, ниедно ветување не исполни, ништо не подобри.

После 7 години власт, најлесно ви е да инвестирате во поделби и жалопојки, каде како и секогаш, некој друг е крив, а вие сте жртвите“, пишува Мицковски.