Мицковски: Лицемерно е Франција која ја блокираше Македонија и го формализираше бугарскиот шовинизам да учествува во лагите на СДСМ и ДУИ

Во најмала рака е лицемерно од француските преставници да учествуваат во плиткиот и нереален наратив на нашата Влада за членство во ЕУ до 2030 година.

Овој свој став за изјавата на висок француски претставник (министерката за ЕУ Бин) која рече дека влезот во ЕУ до 2030 не е неостварлив новинарот и аналитичар Ивор Мицковски го објавува со дообјаснување.

,,Лицемерно е затоа што веќе еднаш го блокираа нашиот почеток на преговори и го сменија пристапниот механизам, а потоа затоа што ги европеизираа бугарските националистички и ревизионистички барања.

Дури започнаа и еден хегемонистички проект како Европскага Политилка Заедница, каде треба да учествуваат 44 земји, кога веќе 27-те од ЕУ не можат едногласно да се договорат.

Ова е бесцелна француска акробација која има за цел француските интереси да ги маскира како европски, а нас кутрите да не закочи додека на домашната политичка елита ќе и даде средства за глумење проактивност.
Класичен утопизам е и Европската политичка заедница и нашиот влез во ЕУ до 2030-та”, анализира Мицкоски.