Мицковски: Кога си неважен и понижен стануваш национален координатор

Новинарот Ивор Мицковски кој е член на Социјалдемократскиот сојуз коментира за се поголемиот број именувања на национални координатори во Владата кои што не можат да ја добијат посакуваната функција.

“Го праќаш Еленовски од ДУИ во НАТО, превесланиот Пендаровски го правиш национален координатор.

Го ставаш Адеми од БЕСА за Министер за култура, превесланиот Алаѓозовски станува национален координатор.

Национален координатор – коа си небитен, понижен, ама имаш титула”, пишува Мицковски кој важи за дел од таканареченото “бранковистичко” крило на СДСМ кое е незадоволно од политиките и кадровските решенија на Заев.