Новинарот Ивор Мицковски сериозно се сомнева во ефектите од најавената кампања на владата под слоганот „Ние сме Европа“ во која ќе ги убедуваат граѓаните дека на земјава и се нужни уставни измени за да го продолжи патот кон ЕУ:
„Да плаќаш кампања со народни пари кога одлично знаеш дека 80% од народ се противи на твоите насилнички и наметливи предлози, е фрлање на пари во ветер.
И демек со кампања граѓаните ќе влијаеле врз пратениците?
Абе не си праите бајрам на умот, знаете како пројдоа уставните прошли пат, со лаги, закани, уцени и амнестии.
Болје држете се до тоа, и онака за друго не ве бива.
Или организирајте едно од мировните концертчиња на Груби, може тоа ќе упали“, објави на Фејсбук Мицковски.
