„Веќе е јасно дека како што премиерот лажеше дека биле во комуникација со ЕК за измените на КЗ,

како што лажеа дека воделе транспарентна постапка,


како што го кријат авторот на законските измени,

така дознаваме и дека не само Антикорупциска,

туку и Врховниот суд добил непотполна верзија на измените на кривичниот закон, без спорните членови со кои се намалуваат казните за функционерите.

Врховен суд за измените на КЗ: Законски измени без транспарентен процес се спротивни на европските стандарди

Значи овдека не е проблем само суштината на измените кои се катастрофални и за кои веќе и Брисел излегува со критики, овдека и пред и после се лажело и дури фатени во лагата се продолжува со лажење.

Ова е скандал сам по себе“, објави на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.