Новинарот Ивор Мицковски реагира на излагањето на премиерот Димитар Ковачевски кој на форумот на „Глобсек 2023“ во Братискава се пофали дека „стандардот на Југославија беше 10 пати поголем од стандардот на Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија и Романија заедно. А стандардот на вашите земји, затоа што тука гледам луѓе од Словачка, Чешка, сега е подобар само поради тоа што сте членки на ЕУ“.

Пред вратите на ЕУ, премиерот ветува југословенски стандард


„Гледам премиерот фаличната теза за стандардот на источно-европските земји кој бил послаб од југословенскиот, и дека тој пак ќе ги претркал, почнал да ја извезува и во самите земји, како гостин во Словачка.

Едно е да не знаеш па тропаш, ама стално викам, кога ќе ти се предочи дека тропаш глупости и ти настојуваш, тоа е одлика на глупавост.

Нашите источно-европски соседи и сојузници сигурно не сакаат да бидат потсетувани како живееле под чизмата на Сталин и СССР, како мизерно егзистирале со ограничен суверенитет и ограбена иднина.

Конечно, Југославија ја задеси огромна несреќа и индиферентност од источните соседи во 90-тите, затоа што 40+ години живееше како привилигирана бафер зона помеѓу НАТО и Варшавскиот пакт, поради што и бевме објект на завидливост.

Тоа да им го триеш од глава на земји кои денес можат да не купат со се’ партали, а допрва треба да не примат во ЕУ е чиста глупост и идиотизам“, пишува Мицковски.