Мицковски: Денко, Љубчо и Заев со лигавењето само нè ставија во поранлива позиција кон Бугарија

Аналитичарот Ивор Мицковски ја коментира најавата за вето од Бугарија за почеток на преговорите со Европската унија, и покрај лигавењето, како што вели, на Денко Малески, на Љубчо Георгиевски и на Зоран Заев.

„’Каракачанов: Нема да има отстапки за Македонија’.

Да заклучиме, помошта на Денко паничарот со улизливите текстови, на лоповот Љубчо со посетата во Софија и на Заев со купи-продај дил ориентед политиката, не помогнаа ама апсолутно во ништо. Напротив, со минимизирање на бугарските закани и лигавењето, само нè ставија во поранлива и поконфузна позиција“, вели на Фејсбук поранешниот директор на Центарот за комуникации за СДСМ.

https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10159159848526042