Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ќе бидат потребни десетици години за да се надомести штетата направена од петгодишното владеење на актуелната власт на СДСМ и ДУИ.
,,Во овие пет години оваа власт е најразорната атомска катастрофа која Македонија, не само економски, туку и во политички контекст ја уназади децениски, правејќи штета по нашите стратешки позиции за кои ќе бидат потребни нови децении заедничка битка да се повратат”, вели Мицкоски во изјавата дадена во селото Ташмаруништа каде во 1903 година се водела една од најкрвавите битки во Илинденското востание.