Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград изјави дека целта на неговото присуство денеска во Благоевград е да даде поддршка на Македонците во Бугарија, а не да прави тензии.
„Да ги поддржиме нашинците, Македонците, од оваа страна на границата. Да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија и за тоа, во 21 век, веќе не треба никој, ниту да има дилема, ниту треба вооопшто да разговара. Треба да се почитува правото на самоопределување, а нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти“, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање од бугарскиновинари, зошто Македонија не го признава правото на македонските Бугари, Мицкоски рече:
„Кој не го признава правото? Со македонскиот Устав, правото на сите малцинства е загарантирано и македонскиот Устав е согласно буквално сите меѓународни норми и правила. Прашањето е зошто правoто на Македонците во Бугарија не е признаено?“
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е причината која подгрева тензии меѓу двата народи, туку дека обединуваат.„Ние како Макеоднци сме горди што сме денеска тука и можеме да го поздравиме отворањето на македонскиот клуб“, кажа Мицкоски.
„Со македонскиот Устав, правото на сите малцинства е загарантирано и со него е согласно буквално сите меѓународни норми. Прашањето е зошто правото на Македонците во Бугарија не е признаено?“, прашува Мицкоски.
Мицкоски кажа дека неговото присуство во Благоевград е да се даде поддршка на Македонците во Бугарија, а не да се подгреваат тензии како што обвинуваат други политички лица од Македонија.
