Мицкоски со последен совет пред ноќната битка за 33 милиони евра за „Макпетрол“

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вечерва во Собранието со последно охрабрување за коалицијата “За обнова на Македонија” за пратениците кои со филибастеринг (одолговлекување со долги говори и процедурални забелешки) ќе се обидат да го спречат носењето на законот со кој владата ќе плати 33 милиони евра на Макпетрол, сопственик на телевизија Телма.

“Борбата за Македонија и граѓаните е секогаш и секаде. Од Собранието, заедно со пратениците кои ќе зборуваат доцна во ноќта против преценетиот закон и “поклонот” од Владата на Заев до Макпетрол. Поддршка за пратениците”, порачува Мицкоски пред пратениците да влезат во 20 часовна дебата со пратениците на СДСМ и ДУИ кои по секоја цена сакаат да платат огромна сума пари на енергетскиот гигант кој има своја национална телевизија која не е критична кон власта.

Трагедија за која никој не презеде одговорност

Пациентката со тумор која се зарази во болница не дочека операција