Мицкоски со писмо до амбасади за одложување на пописот

Лидерот на ВМРО испратил писмо до амбасадори во кое бара од нив да влијаат на одложување на пописот кој треба да започне од 1 април.

Во писмото, Христијан Мицкоски, кој во моментов е на лекување од Ковид-19 на Инфективна клини, пишува дека од лично искуство знае какви последици може да предизвика пандемијата по здравјето, па од таму бара да се сопре теренското испитување.

„Борбата против тешката епидемиолошка ситуација, во недостиг на вакцини, комбинирано со теренски попис, ќе го стави во сериозен ризик за јавното здравје. Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за истиот. Ние мора да сме фокусирани пред сè на борбата против здравствените предизвици кои се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза ние можеме повторно да се насочиме на пописот“, стои во писмото .

Како дел од решението тој предложил пописот да биде одложен за септември, дознава Фактор