Мицкоски: Се покажа дека власта има мнозинство – само за лични интереси

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со реакција на Фејсбук откако владејачкото мнозинство го прифати неговиот предлог за гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните за што кворум обезбеди опозициската партија.

„Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните.

Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш“, напиша Мицкоски на Фејсбук.