Политичкиот аналитичар и новинар Ивор Мицковски прави паралела меѓу францускиот предлог за Македонија и изјавата на рускиот претседател Путин кој изјави дека Европа го загубила својот суверенитет.
,,Путин денеска кажа дека Европа повеќе нема суверенитет.
Човек би посакал големите европски сили да му докажат спротивно, ама после францускиот предлог кој го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја, испаѓа дека сатрапот Путин ќе излезе во право со својот перверзен резон.
Европа со однесувањето кон Македонија ги легитимизира суверенистичките и арбитрарни политички гледишта на Русија и Путин, која неминовно дејствува и во Бугарија.
Жалосно, но ако се заштитеше само Македонија, ќе се испратеше сосема спротивна порака, порака за обединета, помирена, космополитска Европа сочинета од солидарни и суверени држави членки.
Вака, ќе постои тоа што сака Путин.
Едни ќе бидат суверени – други само колонии”, пишува Мицковски во својата сурова анализа за Македонија како жртва на позициите на ЕУ кон Бугарија и меѓународните принципи.