Мицкоски повика, Заев прифати: Тет-а-тет средба во понеделник

Во понеделник, во 13 часот, во Клубот на пратениците во Скопје, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе одржат тет-а-тет средба.

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба за да разговараат за клучните прашања и најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

„Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот“, рече Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизијата Сител..