Мицкоски потврди: Избори на 15-ти јули

„Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните“ напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук и потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите на 15 јули.

„Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.

Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.

Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив“- порача Мицкоски!

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1579137658928354