На брифинг со новинарите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,ја отвори како што ја нарече аферата „Мафија 2“, која се однесува на изготвување и издавање лични документи на исти лица со различни единствени матични броеви (ЕМБГ) во Македонија.

„Според информациите што ги добивме во Македонија постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви. Едно лице со два матични броеви го има двапати во избирачкиот список. Со двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребуваат државните институции, банките“, рече Христијан Мицкоски.

Според документите што ги презентира Мицкоски, аферата Мафија 2 окрива дека едно лице со два матични броја еднаш се јавува во избирачкиот список со своето вистинско име и со вистинската адреса, а вториот пат регистрирано како друго лице во друга општина.

Според Мицкоски, „овој криминал се користел за гласање“.Повеќе на Лидер.мк