Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги коментира најавите на Владата дека од 1ви Ноември до крајот на грејната сезона ќе работат трите блока во Битола, едниот блок Осломеј, ТЕЦ Неготино во полн капацитет и хидро акумулациите со цел потенцијал.

Тој открива каква е состојбата на 1ви Декември и што и се случува навистина на земјата на енергетски план.

,,Битола од вчера работи со еден блок на 75% од инсталираниот капацитет, вториот блок вчера (30ти Ноември) излезе од мрежа поради пукната цевка, па така само вчера до крајот на денот поткраднуваа вкупно 452MWh од соседните држави кои ќе не чинат за неколку часа неколку стотици илјади €, блокот 3 не работи бидејќи трансформаторот што требаше да стигне на 1ви Ноември денес 1ви Декември уште не е ни во Македонија, блокот во Осломеј не работи, ТЕЦ Неготино кој требаше да влезе на мрежа до крајот на Ноември поради дефект на генераторот не работи, а хидро потенцијалот е на 18%”, пишува Мицкоски поставувајќи реторичко прашање:
Што е тоа што работи на најјако?

,,Тендерите во четири очи со „херојски” авансни провизии во милиони во РЕК Битола. Увозот од десетици милиони € на струја со што авансно се полнат џебовите на власта. Одговорност ќе има, а криминалците во политиката ќе одговараат. Доаѓа денот!”, одговара Мицкоски на прашањето кој е најсилниот дел од владините политики.