Реакција на Христијан Мицкоски по шпекулациите дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од протестите и под странски протисок се откажува од својата позиција за одбивање на бугарските позиции во францускиот протокол.

,,Сакам да ве уверам дека и покрај тоа што има хушкачи и луѓе коишто лиферуваат на дневна основа лажни вести сакајќи да ги манипулираат македонците нема да отстапам, ниту да се повлечам. Ќе одиме до крај!”, порачува Мицкоски.

Тој најавува дека уште вечерва уште побројни заедно со народот ќе биде предводен победничкиот марш кон слободна Македонија.

,,Нема чекор назад. Затоа што ќе одиме напред со народот на Македонија, силно, мирно и со гордо крената глава!”, порачува Мицкоски.