Нека е вечен споменот на комитите, на партизаните, на тие снажни мажишта и жени кои се бореа за нашата слобода.

Епска е нашата столетна борба за слобода во која се нижеа падови и победи, една ретка крвава драма, преполна со страдања, горчина, треперења и мирис на барут која подеднакво ги пратеше и нашата копнеж за слобода и верувањето во идеалите.

Ова денеска го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од славното струшко село Ташмаруништа каде се водела една од најкрвавите битки за време на Илинденското востание.

,,Илинден нè учи дека нема откажување и дека борбата е константа, а љубовта кон татковината најголема сила. Затоа и Македонија ќе победи и ќе одиме напред. Пламенот е разгорен, промените ќе се случат.

Честит Илинден, Македонијо!
Македонија е вечна”, порача Мицкоски од Ташмаруништа.

Небото целосно обраќање на видео линкот

https://fb.watch/eEQdH0_lRv/