„Ова што го направи Катица Јанева од притвор е незаконски, зашто тој допис ( за предавање на сите предмети на СЈО на ОЈО) прво треба да биде прегледан од судија, заверен од нотар. Од кај знаеме дека тоа е нејзиниот потпис“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“.
„Може некој го фалсификувал. Од каде знаеме дека Катица Јанева го пишувала тој допис? Сето тоа го контаминира процесот на доставување на случаите до јавниот обвинител.“
Мицкоски потсетува дека според членот 60 од Законот за јавно обвинителство, Став 1, јавниот обвинител се одалечува од вршење на функција за времето додека се наоѓа во притвор.