Мицкоски очекува тешка зима со многу немири

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека поради кризата очекува, како што рече, сложена есен и тешка зима со многу немири.

Според него, претстои тежок и предизвикувачки период, а Владата не презема мерки, ниту политики со кои би се ублажила состојбата.

– Ќе биде жестоко. Енергетската криза постепено се трансформира во економска и очекувам да има немири. Сега календарски уште сме лето, а сѐ потешко се живее. Ценам дека периодот што следува навистина ќе биде тежок и предизвикувачки, а од Владата не гледам некакви мерки или политики со кои би се ублажило сето ова. Очекувам прилично сложена есен и тешка зима со многу немири – истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот”.