Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ разочаран од последната изјава на новиот бугарски премиер Кирил Петков за „Политико“ кој вели дека „ние нема да ги напуштиме позициите кои што се поврзани со разликите кои што ги имаме за историските прашања’.
„Доаѓам до еден заклучок дека станува збор за политичар кој не е храбар. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со Европската Унија бидејќи народот тоа го заслужи, а не оваа влада која што е сега, тогаш тоа е нечесно, лицемерно и во најмала рака можам да констатирам дека станува збор за човек кој не е храбар, кој што неговиот кариеризам е пред европските вредности, и тоа за мене е разочарувачки“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио по последните изјави на нновиот бугарски премиер Кирил Петков..
„Овој харвардовец кој што беше најавуван како либерален политичар, кој што беше најавуван како политичар од страна на нашите политичари – претседателот Пендаровски, Зоран Заев и останатите дека имал би рекол полиберални позиции во однос на прашањето со Македонија, – гледаме дека не само што се конзервативени, и не само што се регресивни, туку тој го потврдува оној концепт познат како живковизам на негирање на македонската нација, македонскиот јазик, па дури и во одредена мерка на македонската држава“, оценува Мицкоски.
