Мицкоски: Не сме сите исти

„Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија.

Седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Честитки за Тимчо (Аеродром), Тони (Битола), Миле (Виница), Горан (Неготино), Стевче (Новаци), Ацо (Радовиш) и Иван (Штип), покажувате дека и во исклучително тешки услови за работа кога се работи чесно и посветено резултатите се неизбежни. Европско управување во Македонија е можно, има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува„ – напиша тој на својот Фејсбук профил.