Мицкоски не сака еден лажен викенд без ДДВ, бара 4 реални, зголемени пензии, социјална помош

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во емисијата Топ Тема на Телма ја критикуваше Владата за не оствареното ветување за викенд без ДДВ и најави дека наместо еден викенд без ДДВ треба да има четири.

За полесно справување на граѓаните со кризата побара и 5% покачување на пензиите.

Во врска со четвртиот пакет економско-социјални мерки кои ги предложи владата на Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека тие не се доволни и дека најголем проблем е што владата не ги исполнува ветувањата.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи закон за викенд без ДДВ од 10-ти до 12-ти октомври, подвлекувајќи дека на граѓаните им било ветено дека ќе има 4 такви викенди во септември.

“Ние бараме, тоа што беше ветено да се исполни, односно 4 наместо еден викенд без ДДВ”, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека најголемата опозициона партија ќе побара законски измени со кои ќе бара 5% покачување на сите пензии, што веќе беше ветено од страна на владата и ќе предложи поголема помош за стечајните работници и невработените.

Според Мицкоски катастрофална е одлуката најголем дел од културните работници да се прогласат за социјално ранлива категорија.

“Со 6 000 денари еднократна помош ги навредувате тие луѓе” , вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека владата згрешила што одбила предлог со кој наместо картички владата требаше да ја покрие партиципатијата на студентите, топол оброк во училиштата.