Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека не ја поддржува амнестијата.
„Јас лично, но и ВМРО-ДПМНЕ не поддржува никаква амнестија, вели Мискоски кој во име на неговата партија, како што рече, испорача две барања:
„Прво барање, да се направат законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.
Второ, да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија“.
Мицкоски порача дека СДСМ катастрофално ќе изгуби на изборите на 12 април наредната година.