Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата 360 степени на Алсат Телевизија рече дека наместо принципот на коалиција за власт, победник со победник тој би преферирал принципот програма со програма.

“Мислам дека треба да се фокусираме повеќе на принципот програма со програма, тоа е иднината на политичката сцена, не можеме ние победник професија да ни биде. Или имаме заедничка програма и таа програма ќе ја реализираме или ние немаме практично никаков бенефит за нашите гласачи ако победникот со победникот не можат да се договорат со програмските начела , тогаш нема да може да се реализираат ветувањата”, изјава Мицкоски.

Мицкоски порача дека независно како се вика партијата дали тоа е Алијанса за Албанците, ДУИ, БЕСА, ДПА, во преговорите за идната влада ќе одлучуваат програмите на идните коалиционите партнери.

Лидерот на опозицијата е убеден дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори ќе има победа од најмалку 61 пратеник.