Откако од премиерот Зоран Заев беше обвинет дека ја злоупотребува трагедијата во тетовската болница за да стекне политички поени и да дфојде на власт, Христијан Мицкоски во синоќешниот ТВ дуел во „Само вистина“ на Канал 5, одговори:

„Сетете се на малата Тамара, сетете се како ги лажевте родителите на децата од Смилковско езеро, сетете се на Саздо, на Мартин Нешковски. Ако некој злоупотребувал човечки судбини за политиканство тоа сте вие. Мене тоа никогаш не ми се случило ниту ќе ми се случи, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е државоторна партија и никогаш не злоупотребувала несреќи за разлика од СДСМ и Заев кои се пример за злоупотреба на човечки несреќи.