Уставни измени под овие услови не може да се случат и ВМРО-ДПМНЕ останува на тој став, а тој став претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го пренесе тој став и на најавенала лидерска средба со лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Ова го изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во гостување во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24, каде образложи дека доколку СДСМ сака за било кое прашање во државава да се постигне консензус, тогаш консултациите со опозицијата не смеат да се случуваат отпосле.
„Не може да се прифатат прво работи а после да се обвинува опозицијата дека не ги прифаќа и да се обвинува опозицијата дека не е способна да постигне консензус. Тоа не е пример само со уставните измени туку и со договорите со „Бехтел и Енка“ кои се потпишаа“, кажа Попов.
„Пред да одат и да прифаќаат треба да се консултираат со најголемата опозициска партија во државата и со најголемата пратеничка група во Собранието. Моментално СДСМ се однесува како да имаат 80 пратеници, па не се консултира со никого, но СДСМ има многу тенко мнозинство откако владее се до ден денес“, рече Попов.
