Не се смируваат реакциите по скандалот што изби за премиерот Димитар Ковачевски дека бил трајно неспособен за служење воен рок. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика Ковачевски да ја признае вината и да се повлече. Според Мицкоски, власта користи два начини да ги сокрие неспособностите – со лаги и манипулации, или со тоа што се прави жртва.

„Претседател на влада треба да има дадено нешто за државата, треба да признае дека дезертирал, и да се повлече. Прво како оправдување го користеше образованието, после даде изјава дека имал медицински пречки, тој може да ја извртува вистината во СДСМ, и Владата. Но факт е дека дезертирал. Таа теза со различни оправдувања е лажна. СДСМ, власта, има два начина како да се обраќаат кон граѓаните, првиот е со лажење, а вториот со тоа што се прават жртви“ – изјави Мицкоски.