Oпозицијата ќе ја поддржи иницијативата на Алијанса и Алтернатива за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој, а рече дека очекува заедно со албанскиот опозициски блок да има мнозинство пратеници кои ќе му изгласаат недоверба Спасовски.

„…На човекот кој не му избега некој „џепчија“, сè што беше одговорно за криминалот во државата му избега и кој знае каде се наоѓа по Европа. И не е само тоа, има многу афери околу него, ќе имате можност да ги чуете деновиве, како што се дуплите матични броеви, за бројот на издадени државјанства и кому сè се издавале тие државјанства“, рече Мицкоски.