Мицкоски: Избори и оставка на власта, која е во распад! Мора да отвориме нова страница во одбраната на македонскиот идентитет!

„Власта е во распаѓање, владее целосна анархија во институциите. Криминализираната ДУИ владее со СДС! Потребна е оставка на Владата, народот да излезе масовно на избори и да одбере иднина. Мора да се отвори нова страница во одбраната на македонскиот идентитет!“ – порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој истакнува: Димитар Ковачевски е премиер, кој наутро си пишува оставка и вели доста е, не можел да го издржи притисокот. Попладне доделува тендери, а навечер говори за тоа како ќе ја спасел Македонија и ќе ја внел во Европската Унија. Ниту неговото членство во него не гледа сериозен чинител, зашто тие и не знаат кој им ја води вистински партијата. Кој и да е, едно е сигурно, најголемото влијание во СДС го има и со него управува Демократската унија за интеграција!  

СДС е грабната партија и слуга му е на вистинскиот и најголем партнер во Владата, на ДУИ, која 20 години е власт и која со тек на годините станаа криминализирана група силно вмрежена и ухлебена во државните институции!

Потребна е оставка на Владата, народот да излезе масовно на избори и да одбере иднина. Време е на сцена да застане еден блок кој ќе се обедини околу иднината на сите луѓе затоа што Македонија е за сите луѓе. Потребно е да се позанимаваме со реалните проблеми на луѓето каде седи изворот на она што ја тишти и силно потиснува оваа нација.

Најавувам блок, кој ќе се соедини околу најважните интереси на Македонија и во кој ќе обединиме многу субјекти од сите партии и групации, кои се вистински заинтересирани Македонија да им припаѓа на сите и да одиме напред. Најавувам блок кој ќе понуди програма и визија, кој ќе се бори и за нови европски вредности и за економски достигнувања.

Мора да се отвори нова страница во одбрана на македонскиот идентитет, на стандардот на граѓаните, страница која ќе и обезбеди вистинска европска перспектива на Македонија.