Мицкоски: Има одговор на националниот пораз што го подготвува Заев (ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата која денеска организираше протести во 11 македонски градови верува дека има начин како да се запре националното предавство на премиерот Заев.

“Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Како поединец можам да направам многу работи, но сите заедно сплотени можеме да направиме сѐ. За оваа битка потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и спротивстави”, порачува Мицкоски во моментите кога претставници на СДСМ и ДУИ преговараат за нов документ анекс на договорот за добрососедство од 2017.