Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се противи операциите за промена на полот да ги плаќа Фондот за здравствено осигурување.
“Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка. Промената на полот е право на избор, а лекувањето на болест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните”, вели Мицкоски.