Мицкоски го објави првиот проект на ВМРО-ДПМНЕ во новата влада (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на партиска трибина го објави структурните проект кој треба да поврзе повеќе општини и две држави.

“ВМРО-ДПМНЕ ветува автопатското поврзување од Скопје, Велес, преку Бабуна, Прилеп, Битола и границата со нашиот јужен сосед кој ќе биде првиот проект во новата влада”, вети Мицкоски на трибината одржана вчера во Прилеп.