Мицкоски ги “трола” Заев, Спасовски и Димитров

Лидерот на опозицијата иронично прашува зошто СДСМ селективо споменува имиња кога се обидува да го обвини ВМРО-ДПМНЕ за прислушувањето во време на оваа влада за кое Спасовски го обвини Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прашува зошто СДСМ не ги споменуваат екс шефот на тајната служба Сашо Мијалков како и двајцата високи полициски началници одговорни за прислушување кои избегаа во Грција, Грујоски и Бошкоски.

Покрај премиерот и министерот за внатрешни работи кои ги обвинува за политички договор со Мијалков и соработка преку Вице Заев, Мицкоски го прозива и шефот на дипломатијата.

Никола Димитров кој влезе во дипломатска војна со Унгарија поради азилот за Никола Груевски, започна вербален конфликт со Русија за состојбата во Украина поатојано молчи за одлуката на Грција да не ги екстрадира Грујоски и Бошкоски од јужниот сосед.

“Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е”, напиша Мицкоски во врска со обвинувањето од СДСМ дека тој е одговорен за прислушувањето на обвинителството кое траеше до завчера.