Мицкоски: Фалбите на СДСМ залепени на фрижидер, а фрижидерот празен

На овие избори не верувајте на тие кои постојано ви ветуваат работи за кои знаете дека неколку пати до сега ве изневериле, најдобро е да си верувате себеси и да донесете одлука која е значи промени, давање на шанса да изградиме една поинаква и нова заедничка иднина, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.

И на почетокот, додаде тој, сакам да ви пренесам една порака која ја видов вчера на социјалните мрежи, а која крие во себе длабока вистина, која најдобро ја отсликува хипокризијата на моменталната пропаганда на власта, за тоа колку отсутно делува нивното фалење по медиумите за работите кои не се решение за проблемите на граѓаните.

„Испечатиле СДСМ некаков флаер со пораки: НАТО – Попис – Честитки народе, итн. демек завршена работа. Ама досетливиот народ ја раскажал голата вистина на социјалните мрежи. Па таа порака од власта чија намена е да се пофалат ја гледаме фотографирана во фрижидер, арно ама фрижидерот празен. И морам да кажам убав флаер, ама какво фајде од такви фалби ако фрижидерот е празен. Не го говорам ова за да релативизирам тоа што сме членка на НАТО, но тоа што фрижидерите на народот им се празни е главната болка која сите нас не тишти. Им дадоа скапи реклами, ама фрижидерот кај народот празен. Тоа што инфлацијата го јаде семеејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт постојано се полнат“, кажа Мицкоски.